Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО) На Вардар “откинати“ два бода од нерегуларен гол, судијата Мечкаровски дозволи погодок од офсајд, дали ФФМ намерно не оштетува повторно

(ФОТО) На Вардар “откинати“ два бода од нерегуларен гол, судијата Мечкаровски дозволи погодок од офсајд, дали ФФМ намерно не оштетува повторно

Вчера се одигра македонското фудбалско дерби помеѓу Вардар и гостинот од Битола, екипата на Пелистер. Мечот заврши нерешено 1-1, со што изгубивме два бода дома. Сепак голема дамка на овој меч е голот на зелено-белите кој повеќе од очигледно е постигнат од недозволена позиција (фото).

7954-vtoro-remi-po-red-za-vardar-pelister-osvoi-bod-od-skopje

Како што се гледа на фотографијата во моментот кога се упатува топката до Гоијано кој потоа успеа да израмни на 1:1, тој е длабоко зад нашата одбрана и во продолжение постигнува нерегуларен погодок со што го менува текот на средбата. Очигледно судијата Мечкаровски кој многумина милуваат да го наречат “најдобриот Македонски судија“ оваа ситуација ја дозволи како регуларна со што го ОШТЕТИ нашиот Вардар за два бода.

Посебно сомнеж даваа целата ситуација откако ФФМ ден предтоа на нашиот конкурент Шкендија им “прости“ голема грешка и наместо да ги казни со бодовна казна, ги казни со “смешни“ 1000 евра за неиграњето на младинец со Силекс во првото коло. Дали оваа и низа други судиски “лакрдии“ со кој се соочува ФК Вардар се наменети да се опструира клубот и неговата борба за титула, тим кој вложува многу финансии во своето функционирање на највисок професионален начин обидувајќи се само и само на фудбалските терени да дојде до титулата. Повеќе од јасно е дека Мечкаровски (со помошниците) намерно дозволи Пелистер да изедначат со што дирекно не оштети, дури и обичните гледачи на фотографијата може лесно да забележат недозволена ситација, што не би требало да биде проблем за “најдобрата судиска тројка“ која го водеше мечот во Маџари.