Давор Лефковски стрелец за Македонија У18, која денес одигра контролен натпревар против екипата на Шкендија, составена од играчи родени 2005/06 година.
Репрезентативците на Македонија кои се предводени од Вујадин Станојковиќ славеа убедливо со резултат 4:0, а стрелец на еден од головите беше вардаровиот играч, Лефковски, кој инаку беше и стартер на мечот. Поради зголемена темптература, Нуман Ајетовиќ, не беше во можност да игра.
Оваа млада репрезентација се наоѓа на тренинг камп во Кичево, каде ќе остане до недела.