Wednesday ,15 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2008 со „надмоќна“ игра се пласираше во 1/2 финалето на „Пирин Куп“
ФК Вардар генер. 2008 со „надмоќна“ игра се пласираше во 1/2 финалето на „Пирин Куп“

ФК Вардар генер. 2008 со „надмоќна“ игра се пласираше во 1/2 финалето на „Пирин Куп“

Вардар со „надмоќна игра“ до полуфинале на турнирот во Сандански. Избраниците на Влатко Колев играат перфектно на турнирот „Пирин Куп“, на кој успеаа да го добијат и третиот натпревар и со максимални 9 освоени бодови да го освојат првото место во групата.

Најпрво вардаровите надежи во рамките на 2.коло беа подобри од екипата на Кул со резултат 3:0. Сите голови беа постигнати во првиот дел, а беа дело на Христијан Јевтоски, Ендрид Кадрији и Дамјан Буцевски.

Во 3.коло за противник го имавме тимот на Дачија, се работи за Шампион на Молдавија во својата генерација, екипа која е физички и тактички добро подготвена, но денес пред себе имаа многу посилен противник, во името на нашиот Вардар.

Вардарци одиграа како да се работи за финале, иако веќе го имаа обезбедено пласманот во полуфиналето, сепак сакаа три бода и на овој натпревар, тоа и на крајот го остварија, победувајќи со резултат 3:1. Како на претходниот, така и на овој дуел, во листата на стрелци се запишаа истите играчи. Ендрид Кадрији беше играчот кој го отвори резултатот за 1:0, додека со голот на Христијан Јевтоски зголемивме на 2:0, за до крајот на првиот дел противникот да намали на 2:1.

Во второто полувреме, имавме неколку добри шанси, една од нив претворивме во погодок преку Дамјан Буцевски, кој ги постави конечните 3:1 на овој натпревар. Вардар го освои првото место во групата со 9 бодови, пред Дачија со 6 бодови.

Честитки до избраниците на Влатко Колев за прикажаната игра и за достојно претставување на вардаровиот дрес. Утре со почеток од 08:00 часот по македонско време, во полуфиналето ќе играме со екипата на ФК Септември од Софија.