Претстојниов викенд стартува пролетниот дел во ВМФЛ, Вардар ќе биде домаќин на екипата на Аресими, на стадионот во Автокоманда. Како и изминативе години и на секој претходен натпревар, така и во сабота, популарните Комити се мобилизираат со цел да му дадат поддршка на Вардар кон остварување на целта, а тоа е враќање во ПМФЛ. На својот официјален профил тие го напишаа следново:
ТВОЈАТА НАСМЕВКА, ЗА НАС ПОДАРОК!
Овој натпревар има и посебна симболика. Го посветуваме на нашиот прерано починат брат, Дарко Смоковски – Смок. Полниот коп, нека прати јасна порака до небото: Нѐ си и никогаш нема да бидеш заборавен!
ТИ СИ ВАРДАР – ЗАТОА ДОЈДИ!
Клубот не се само победите, титулите и парите проклети. Клубот е карактерот на фудбалерите и храброста на навивачите. Во овој момент, ова е се врз што се потпира нашиот Вардар.
Оставени сами на себе, но спремни да се бориме до крај. Ова е ставот на фудбалерите, ова е ставот на западната трибина. Ти си Вардар, нема никој друг, затоа дојди, немој твоето место на трибината да биде празно!
Собир: 13:00ч | Пред стадион
Билет: 100 ден.
ДОЈДИ | СЛУШАЈ ИНСТРУКЦИИ | НАВИВАЈ ЗА СКОПСКИ ВАРДАР