Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Легендарниот Зекир за Вардарфанс: Вардар е кадарен за успех во Европа, за мене вистински успех кој го заслужуват навивачите е група во ЛЕ
Легендарниот Зекир за Вардарфанс: Вардар е кадарен за успех во Европа, за мене вистински успех кој го заслужуват навивачите е група во ЛЕ

Легендарниот Зекир за Вардарфанс: Вардар е кадарен за успех во Европа, за мене вистински успех кој го заслужуват навивачите е група во ЛЕ

Во пресрет на првиот меч со Малме  ви носиме изјава  од легендата  на ФК Вардар која оставила печат во европските дуели на црвено-црните. Разговараме  со легендарниот голман кој повеќе од деценија го бранеше голот на вардарци Муарем Зекир. Популарниот Зеко покрај другите настапи беше на голот во легендарниот двомеч со ЦСКА-Москава. Тој 13 години беше дел нашиот љубимец и настапи на близу 300 првенствени, Куп, пријателски и европски мечеви. Покрај тоа тој кога беше дел од Вардар добиваше покани и за А-селекцијата на Македонија каде забележа 14 настапи, квалификациски и пријателски.   Како голман на Вардар, тој во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули во државното првенство (1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02 и 2002/03), како и три трофеи во националниот куп (1992/93, 1994/95 и 1998/99).

zeko3

Легендо  одговорете за нашите вардарови фанови каде е денес екс голманот на црвено-црните, Муарем Зекир- ЗЕКО? Работи ли нешто околу фудбал, го следи ли нашиот фудбал и случувањата во него ?

Најпрвин сакам јавно да ги поздравам мојте вардарци, поздрав до вардаровите навивачи на кои им посакаувам да сегашните играчи да им овозможат уживање во европските натпревари кои следат пред нас. Како што знаете јас долго работам во Азербеџан, само сега сум во нов клуб. Од пред месец дена сум дел од Карабах, каде работам со младите категории во истиот клуб.  Тоа е тим кој е многукратен шампион на својата земја, со тоа се гледа дека и понатака фудбалот е мој живот. Се разбира дека го следам нашиот, македонски фудбал преку интернет, портали и телевизии, но добивам информации од “прва рака“ и од моите фудбалски пријатели од Македонија за состојбите во истиот.

zeko1

ФК Вардар е исправен пред голем предизвик двомеч во  ЛШ со шведски Малме. Ваше мислење за овој дуел, шансите на црвено-црните и каде може да се бара предноста на Вардар во овој двомеч?

Јас мислам дека Вардар е кадарен да направи успех во фудбалска Европа. Што би го сметал за успех на Вардар, во моментот? ..хм па за мене е пласман во групна фаза од Лигата на Европа, тоа го заслужуваа вардовата публика. Според информациите кои ги имам, Вардар ги има сите услови и можности да го направи тој успех. Се надевам дека со голема поддршка од трибините на раваншот и помошта од навивачите и публиката Вардар ќе направи исчекор оваа сезона. Искрено не сум многу запознат со моменталниот ростер и силина на Малме, но тоа не ме интересира, мене ми е задоволство и желба Вардар да се издигне и да направи успех. Веќе претходно наведов што е успех за мене оваа сезона и каде Вардар треба да стигне во Европа.

zeko

Каква е разликата помеѓу европските мечеви кој вашата генерација ги играше во евро-куповите и сегашните прилики во мак.фудбалот. Како му е останат во сеќавање незаборавниот дуел на градскиот стадион кога ја исфрливте силната руска екипа шампионот нивни ЦСКА-Москва, што беше големо изненадување за европските фудбалски прилики?

Разликата не е голема, треба да се иде на успех. Сепак ние игравме со голем притисок кој сега го нема, моравме да минуваме кола заради финансиите од кој “живеевме“ потоа во сезоната што создаваше голем притисок. Сега тоа го нема клубот колку што сум запознает има стабила финансиска состојба денес. Тоа е голем плус за сегашните играчи, кои имаат сигурни плати, услови посебни за тренинг и работа. Сепак па од друга страна навивачите сега не ги интересира домашна титула, бидејќи е нормално да сме шампион на Македонија. Тие посакауват и оправдано велат дека: мора, мора… и мора Европа да слушне за Вардар да се направи успех и надвор.  Некој можеби ќе каже дека е тоа стрес за играчите, но… тоа е сладок стрес кога имаш очекувања. Мечевите со ЦСКА се незаборавни, тоа веќе е историја.

zeko2-660x330

За крај Зекир искажа  една интересна желба, во  која улога сака да ја види за својот поранешен клуб Вардар, прочитајте во продолжение:

Уште еднаш поздрав до сите навивачи, и се надевам дека е дојдено време да се изполни желбата, желбата е авиони и автобуси со играчи и навивачи да го следат ФК Вардар низ цела Европа во групна фаза како што тоа беше случај со РК Вардар кој игра во европската елита. Воедно како вардарец сакам да ја искористам приликата и на РК Вардар да му  ја честитам европската титула од оваа сезона.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ