Француската репрезентативка, голманката на ЖРК Вардар, Амандин Лејно ја има најдобрата одбраната на сезоната 2016/2017 година во ЕХФ Лигата на шампионите. Истата е забележана од страна на Лејно на гостувањето кај Митјиланд, треба да се напомене дека покрај оваа одбрана голманката на црвено-црните уште три пати се најде во топ-30 одбрани во најсилното европско ракометно натпреварување. Во топ-30 има место и за колешките од вардаровиот табор, во овој избор има уште две одбрани на Мајса Песоа и една на Ина Суслина.
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕО) Лејно со најатрактивна интервенција на сезоната во ЛШ, во топ-30 таа има уште три одбрани