Нашиот Вардар, македонскиот првак в среда, со почеток во 19-00 часот ќе го игра првиот меч против Малме во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите. Нашите момци веќе се во Малме каде пристигна предпладнево, вечер и утре ќе одржат по еден тренинг.
Овој меч од 2.квалификациско коло за Лигата на Шампионите ќе го судат судии од Исланд. Главен судија е делегиран: Торвалдур Арнасон, на него ќе му помагаат Јохан Гудмундсон и Гулфи Мар Сигурдсон. Четврти судија ќе биде Гунар Јарл Јонсон.