Поголем дел од ракометарите на новиот Европски шампион се на заеднички одмор во Сплит (Хрватска), организиран од сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко. По освојување на лигата на шампионите, газдата на Вардар реши да ги собере ракометарите на одмор во Хрватска, како еден вид на благодарност за напорната сезона која ја имаа црвено-црните, во која успеаа да освојат дури четири трофеи.
Некои од ракометарите се пофалија за одморот, со објаваување на заеднички фотографии и видеа од претстојот на хрвтското приморје. Заслужија да уживаат со оглед на големиот успех кои го направија, за кој сите се подеднакво заслужни.