Бразилскиот интернационалец Матеус Лемос и дефинитивно станува новата ,,кариока” во тимот на Вардар. Лемос и најтрофејниот постигнаа договор, па така овој крилен играч ќе го засили тимот од Скопје во летниот преоден рок и со самото тоа ќе биде првото ново име кај вардарци.
Се работи за доста добро познато име, бидејќи со успешност го носеше дресот на Македонија ЃП. Лемос важи за доста брз и продорен фудбалер. Изминатата сезонава одигра 29 натпревари во кои постигна еден гол и оствари шест асистенции, играјќи 1.859 минути за Македонија ЃП.
Покрај Матеус Лемос, Вардар сигурно ќе го потпише и Педрињо кој засега е на проба во тимот, но остава добар впечаток. Покрај нив двајца, Вардар во следните денови треба да официјализира соработка и со сегашен репрезентативец на Македонија, што е супер вест за сите љубители на ,,црвено – црните” бои. Покрај нив, Вардар силно работи и на доведување на шпиц играч, а во игра е поранешен напаѓач на Тиквеш.