На контролниот натпревар против екипата на Арсими, уште еден млад играч запиша настап за сениорската екипа. Се работи за младиот голман, Павел Грбевски“ кој доби 20 минути во вториот дел од Грнчаров да застане на голот. Инаку се работи за играч кој е генерација 2008.
Вардар го продолжува трендот да промовира млади играч од школата на клубот, на мечот со Тетекс таква шанса добија Атанасовски, Лефковски, Здравковски и Гаштаров.