Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар на домашен терен е непобедлив, сега нека му ја мисли Зенит!
Вардар на домашен терен е непобедлив, сега нека му ја мисли Зенит!

Вардар на домашен терен е непобедлив, сега нека му ја мисли Зенит!

Шампионот на Македонија рутинирано стигна до победа во дуелот против Силекс, попладнево црвено – црните без мака го победија тимот на Силекс од Кратово со резултат 3:1 (1:0). Сега сите мисли се насочени кон натпреварот со Зенит кој ќе биде одигран во четврток на домашен терен.

Првите 15 минути од натпреварот поминаа со игра на средината на теренот без ниту еден удар кон двата гола. Веќе во 18 минута Вардар преку својата прва прилика го отвори резултатот и поведе со 1:0. Одлична акција направија црвено – црните, Фелипе од слободен удар го проигра Блажевски кој нафрли до Грнчаров кој со глава од пет метри биеше прецизно за предност на нашиот тим. Се чекаше 27 минута за првата шанса на гостите, Бујчевски биеше од пет метри но Гачевски добро реагираше и одбрани. Потоа следуваа две опасни контри на гостите, но за наша среќа без големи возбудувања. До крајот на првиот дел Вардар имаше две големи шанси за двојна предност, најпрвин Барсегјан преку контранапад сакаше несебично да му додаде на Итало, но во последен момент беше изблокиран и пропадна оваа голема шанса, потоа Исени во 41 минута упати еден бомба удар од 25 метри, но за среќа на гостите само во пречката. Со резултат 1:0 се замина на одмор.

fkv-barsegjan-vardarfans-vardarВториот дел започна со закана на Вардарци, Итало биеше од 10-сетина метри, неговиот удар беше изблокиран од Стојчевски кој отиде покрај голот и во корнер за Вардар. Во следните десет минути се заканија Фелипе и Глишиќ, првиот удар го одбрани голманот на Силекс, а ударот на Глишиќ заврши за малку крај голот. Во 57 минута Вардар зголеми и на 2:0, Брдаровски го проигра Барсегјан кој биеше одлично од 20-сетина метри за 2:0. Во 64 минута беше извршена двојна замена во Вардар, на местата на Исени и Барсегјан во игра влегоа Марковиќ и Џигаури. Ова беше деби настап на Марковиќ во црвено – црниот дрес. Во 66 минута Вардар дојде и до убедлива предност од 3:0, Никола Глигоров во својот 200 настап во црвено – црниот дрес постигна погодок. Во 74 минута Силекс намали на 3:1, Ѓорѓевиќ  со глава го матираше Гачевски. Веќе во 75 минута во игра влезе Стојков на местото на Блажевски. Во продолжението беше досуден и чуден пенал за Силекс, го изведе Георгиев, но, одлично прочита и одбрани Гачевски и спречи 3:2.  Во 79 минута Марковиќ се обиде прв пат во дресот на Вардар и  биеше опасно, но за малку над голот на Силекс. Со резултат 3:1 заврши овој дуел.