Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шанса за прв трофеј во новата сезона, Вардар против Еурофарм Работник во супер купот кој се игра во вторник
Шанса за прв трофеј во новата сезона, Вардар против Еурофарм Работник во супер купот кој се игра во вторник

Шанса за прв трофеј во новата сезона, Вардар против Еурофарм Работник во супер купот кој се игра во вторник

Екипата на РК Вардар сепак ќе има можност за петти трофеј откако ракометната федерација одлучи пред почетокот на секоја сезона да се игра супер куп. Така Вардар како шампион на Македонија но и освојувач на купот, во супер купот ќе игра против екипата на Еурофарм Работник која беше финалист во националниот куп, каде беа поразени токму од црвено-црните. Супер купот ќе одигра на 12-ти септември (вторник) и тоа во спортскиот центар Јане Сандански со почеток од 17:00 часот и за прв пат ќе се одигра ваков меч во историјата на Македонскиот ракомет.

Минатата сезона овие две екипи се сретнаа три пати, два пати во рамките на супер лигата и еден во финалето на купот и на сите три меча Вардар излезе како победник. Составот на Раул Гонзалес новата сезона ја започнува со натпревар во СЕХА-лигата и тоа на гостувањето против екипата на Металург.

Вардар добро ја отвори сезоната со три победи во СЕХА-лигата, најавувајќи дека се наоѓа во одлична форма на стартот од сезоната. Воедно дуелот со Еурофарм ќе биде последна проверка за црвено-црните пред првиот натпревар во ЛШ, а тоа е гостувањето против екипата на Висла Плок.