Екипата на ФК Вардар утре ќе заминува на подготовки во Австрија. Утре во 14 часот напладне, екипата и целиот стручен штаб ќе тргнат од базата во Хиподром. На овие подготовки како на минатата, така и на оваа, ќе патуваат и играчи од младинскиот тим на Вардар. Но, овој пат ќе патува само еден играч од младинскиот погод на црвено – црните. Виктор Димков и Ердон Даци ќе останат во Скопје и нема да патуваат со првиот тим, додека пак стоперот Есмин Личина и капитен на младинците на Вардар и оваа година ќе патува со екипата во Австрија и Хрватска.
Денеска исто така се комплетираше и екипата, во Скопје пристигнаа Фелипе и Хамбарџумјан кој добија поголем одмор, заедно со Велковски Николов и Петковски.