Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2006“ година денес одиграа контролен натпревар со екипата на Мал Ајакс од Штип. Овој меч се играше на академијата на ФК Вардар и заврши со убедлив триумф за избраниците на Кралевски. Се играа две полувремиња по 30 минути. Конечниот резултат гласеше високи 16:0 во корист на црвено-црните.
Натпреварот со погодок го отвори Матеј Гаштаров за водство од 1:0. Веднаш потоа Дарко Сековски погодува за зголемување на 2:0. Шансите пред голот на Мал Ајакс се реда во секоја помината минута. Голубов ја погодува стативата од противничкиот гол. Матеј Гаштаров со својот втор погодок на овој меч зголемува на 3:0, откако му асистираше Сековски. Истиов играч можеше за брзо време да постигне хет-трик, но пречката беше сојузник за Мал Ајакс. Гостите од Штип го имаа првиот удар на овој меч, но нашиот голман Андреј Данстак успешно брани. Одличен натпревар одигра денес Дарко Сековски, од голема далечина бие прецизно во долниот лев агол од голот на Мал Ајакс, за веќе убедливи 4:0. Конечно Давид Голубов успева да погоди и да донесе предност за Вардар од 5:0. До крајот на првото полувреме беа постигнати уште два гола вопротивничката мрежа и тоа двата беа дело на Марко Николовски, за резултат од 7:0 на полувреме.
Серијата на погодоци во вториот дел ја отвара Дарко Сековски, за кој ова е веќе трет погодок за водство од 8:0. До крајот на натпреварот уште осум погодоци во мрежата на Мал Ајакс. По овој редослед беа постигнувани головите. Стефан Коловски (9:0), Максим Цониќ (10:0), Стефан Коловски (11:0), Дарко Сековски (12:0), Михаил Николов (13:0), Стефан Коловски (14:0), Стефан Коловски (15:0) и серијата на голови ја затвори повторно Коловски за конечни 16:0.