Денес на терените на фудбалската Академија на Вардар во градскиот парк се одигра контролен дуел помеѓу Вардар и тимот на Мал Ајакс, за фудбалерчиња родени 2005 година. На истиот избраниците на Зоран Петковски остварија убедлива победа со резултат 7-2, на полувремето водевме 2-1.
Мечот имаше две полувремиња во времетраење од по триесет минути. Избранците на Петковски први го отворија натпреварот со гол, тие преку Филип Јовановски поведоа со 1-0. Во продолжението доминиравме на теренот, но неуспеавме да постигнеме втор гол. Тога го казнија младите фудбалери од Штип играчите на регионалната вардарова школа Мал Ајакс со гол за изедначување. Во продолжение успеваме преку Филип Јовановски да постигнеме втор погодок, тој упати удар еден од гостинските играчи ја закачи топката која заврши во мрежата. Токму со тој резултат 2-1 се замина на одмор. Вториот дел беше далеку поефикасен со многу повеќе погодоци.
Веќе во првата акција преку Ѓорѓи Дошев кој рутинирано стрелаше по земја зголемивме на 3-1. Следи период во кој целосно доминираме на теренот, зголемуваме на 4-1 со головите на Давор Лефковски. Следат две одлични нереализирани прилики преку денес одличниот Филип Јовановски. Петиот погодок го постигнуваме од пенал, одлично истиот го изведе Ѓорѓи Дошев кој шутна одлично покрај левата статива од голот, ударот едноставно не беше неодбранлив за голманот на штипјани. Никола Величковски во продолжение успева да ја зголеми предноста на 6-1, по што следи мало опуштање во нашите редови. Истото го искористуваат гостинските играчи тие го постигнуваат вториот меч за нив денес , успеваат да намалат на 6-2. До крајот погодува за фудбалскиот клуб Вардар генерација 2005 Горјан Цветков , тој постигнува убав гол за 7-2 што се покажува како конечен резултат на денешниот тест-дуел. Оваа генерација продолжува активности и во следната недела, со можност во четврток да одигра нова контролка.