Вардаровата експедиција денеска напладне заминува за Австрија, каде што ќе одработи дел од летните подготовки и ќе одигра неколку пријателски натпревари, потоа Вардаровата екипа ќе замине за Хрватска, каде ќе ја темпира главната форма за ЛШ и ќе одигра натпревар против Марибор како увертира за најважното што престои.
Вардарци во 14 часот ќе тргнат од базата во Хиподром. Се очекува екипата и стручниот штаб да пристигна во приквечерните часови во ултра модерниот комплекс ”Авита” во Бад Татцмансдорф. Со тимот ќе патува и Обрегон, кој е на проба во Вардар, а исто така ќе патува и Есмин Личина од младинскиот тим. Се очекува во Австрија да пристигне и Алексовски малку подоцна, како и нови играчи, пред се играч од нападот.