Контролен натпревар на академијата на фудбалскиот клуб Вардар, одигра генерацијата родени “2003“ година. Противник ни беше екипата на Мал Ајакс од Штип, која убедливо ја совладавме со резултат 9:0
Серијата на погодоци ја отвори Дамјан Ќосески за предност од 1:0. Избраниците на Ане Андовски одиграа одличен натпревар, со препознатлива игра која ја красеше оваа генерација во текот на целата натпреварувачка сезона. Доминација во текот на целиот меч со пресинг и константен притисок на противничката половина. Најдобриот стрелец за оваа Вардарова екипа Александро Прелоговски успева да постигне гол и да зголеми на 2:0. Истиов играч се најде во нова можност за погодок, но неговиот удар со глава заврши над голот на Мал Ајакс. Нова одлична акција со прецизни додавања резултира со нов гол на Дамјан Ќосески кој упатува умерен удар небранет за противничкиот голман за воство од 3:0. Пред постигнување на четвртиот погодок, нашите млади надежи се најдоа уште во неколку добри шанси. Прелоговски ја погоди стативата, додека Дамјан Марковски со волеј удар бие над голот. Прелоговски се најде во уште една прилика, но голманот на Мал Ајакс не дозволува неговиот тим да биде во поголема негатива. Сепак до крајот на првиот дел, Филип Ѓорѓиевски со својот прв гол на натпреварот зголемува на 4:0. Овој резултат беше актуелен по првите 30 минути.
Првите два гола во второто полувреме беа дело на Иван Пашариковски за зголемување на 6:0. Продолжи офанизвната игра и во второто полувреше, што носи нови погодоци во мрежата на Мал Ајакс. Со првиот гол на Дамјан Андреев, Вардар успева да зголеми на 7:0. Во листата на стрелци се запишува и Марио Петрушевски за водство од 8:0. Последниот гол за 9:0 на овој натпревар беше дело на новиот играч Бојан Петковски, кој е на проба во оваа генерација.