Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лира и Херанз остануваат во Вардар
Лира и Херанз остануваат во Вардар

Лира и Херанз остануваат во Вардар

Интернационалците од Бразил односно Аргентина, Лира и Херанз остануваат во Вардар и во пролетниот дел од сезоната.

Од бразилскиот напаѓач Вилијан Лира се очекуваше многу повеќе изминатава есен, одигра 16 натпревари и постигна само три погодоци. Се надеваме дека во пролетниот дел од сезоната Лира ќе има далеку подобра реализација.

Херанз пак, не добиваше шанса во почетниот тим се до крајот на полусезоната, кога одигра четири натпревари и покажа дека може да се смета на него и во иднина.

Вардар ги „пали моторите“  на 8 јануари, многу дилеми ќе бидат познати токму на тој ден.