Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Марсениќ: Се радувам што доаѓам повторно во Скопје, град за кој ме врзуваат убави спомени
Марсениќ: Се радувам што доаѓам повторно во Скопје, град за кој ме врзуваат убави спомени

Марсениќ: Се радувам што доаѓам повторно во Скопје, град за кој ме врзуваат убави спомени

Играчот кој три сезони беше дел од шампионската генерација на Вардар, Мијајло Марсениќ повторно се враќа во Скопје. Пикерот кој настапува за екипата на Фуксе Берлин е дел од составот на српската репрезентација, која утре и во сабота ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Македонија, како подготовка за СП во Германија и Данска, кое стартува од 10.јануари. Во интервју за “Балкан Хандбал„ Марсениќ истакнува дека се радува за враќањето во Скопје, тука има многу пријатели, па сигурно дека ќе има време да поразговара со нив.

-Баш се радувам што доаѓам повторно во Скопје, град за кој ме врзуваат убави спомени. Го сакам македонскиот народ, имам многу пријатели. Едвај чекам да се видам со некои од нив, нема да имаме многу време, но ќе најдеме простор за некое кафе.

Марсениќ освои се што можеше со Вардар, па му беше потребен нов предизвик во неговата кариера, а одлуката падна на бундеслигата.

-Сакав да ја променам средината, ми беше потребно. Ги остварив моите амбиции со Вардар, ја освоив Лигата на Шампионите, повторно играв на завршниот турнир во Келн. Во Берлин се ми одговара, градот, клубот, соиграчите.. И да останев во Вардар ќе беше одлично, но сакав промена. Беше тоа добар потег, се е како што треба, истакна Марсениќ.