Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > СЕХА-јубилеи во 2018 година, Дибиров, Карачиќ, Чупиќ, Кристопанс…..
СЕХА-јубилеи во 2018 година, Дибиров, Карачиќ, Чупиќ, Кристопанс…..

СЕХА-јубилеи во 2018 година, Дибиров, Карачиќ, Чупиќ, Кристопанс…..

Во 2018 година, екипата на Вардар успеа да го одбрани трофејот во СЕХА-лигата, кој беше вкупно четврти за црвено-црните во ова натпреварување. На завршниот турнир кој се одигра во Скопје, Вардар во големото финале беше подобар од тимот на ППД Загреб. Изминатата година ја одбележаа повеќе јубилеи во СЕХА-лигата, меѓу нив се најдоа и играчите на Вардар.

Иван Чупиќ успеа да ја надмине бројката од 100 голови во ова натпреварување, додека Карачиќ стигна до бројката од 300 голови и 100 настапи во СЕХА-лигата. Кристопанс е наш најефикасен играч во лигата, со над 600 голови, додека Дибиров ја помина бројката од 400 гола во црвено-црниот дрес, на мечевите од СЕХА-лигата. Исто така Марсениќ кој изминатата сезона беше дел од Вардар стигна до јубилеј, со над 200 постигнати голови.