Напаѓачот од Бразил Вилијан Лира пристигна денеска во нашиот главен град и одма претрпе температурен шок.
Лира ја мина паузата во родниот Бразил, каде во овој момент е лето и над 35 степени, па денеска претрпе голем температурен шок, бидејќи во Скопје е 8 степени под нулата.
Освен Лира, денеска во Скопје пристигна и Манев од Финска, кој немаше проблеми со температурата, бидејќи и во Финска во овој момент е зима.
И двајцата утре ќе присуствуваат на првиот тренинг во новата година.