Даинис Кристопанс од 2020 година ќе настапува за екипата на ПСЖ. Поранешниот тренер на Вардар беше решен да го донесе десниот бек во ПСЖ и тоа се оствари. Сепак летонецот ќе го испочитува до крај договорот со црвено-црните и тој ќе биде дел од Вардар и од следната натпреварувачка сезона.
Воодушевен сум што одново ќе имам можност да соработувам со Раул Гонзалес. Тој е еден од најдобрите тренери во светот и стратег кој веруваше многу во мене кога ме побара да дојдам во Вардар. Драго ми е што отворам ново поглавје во мојата кариера и што ќе имам можност да бидам дел од голем проект, истакна Кристопанс.
Кристопанс моментално ја игра својата втора сезона во редовите на Вардар, откако дојде од екипата на Брест Мешков, а претходно настапуваше за Татран Прешов.