Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утре во 12:00 часот, Васоски за прв пат прозива во новата година
Утре во 12:00 часот, Васоски за прв пат прозива во новата година

Утре во 12:00 часот, Васоски за прв пат прозива во новата година

Утре со почеток од 12:00 часот првата прозивка во новата година ќе ја има шефот на стручниот штаб во ФК Вардар, Александар Васоски.

Многу е нејасна сликата во фудбалскиот клуб Вардар, со оглед дека немаше доволно информации од официјалната страна на клубот, за стартот на зимските подготовки и кои играчи веќе официјално не се дел од клубот и дали има нови можни или потенцијални засилувања. Сигурно дека на првиот собир со тимот нема да ги видиме Барсегјан и Кировски кои повеќе не се дел од Вардар. Се уште нема официјално потврдено ниту едно ново засилување за црвено-црните, иако се шпекулираше со името на Жунињо од Македонија Ѓ.П.

Екипата треба на 16.јануари да замине на подготовки, повторно во Турција, но овој пат во Аланија. Утре со првиот собир сигурно дека ќе бидат појасни работите во најтрофејниот клуб во Македонија, кој пролетниот дел во ПМФЛ ќе го стартува со пет бодови помалку од екипата на Шкендија.