Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија на делба на 11 и 12.позиција, светските обложувалници ја гледаат Данска како нов светски шампион
Македонија на делба на 11 и 12.позиција, светските обложувалници ја гледаат Данска како нов светски шампион

Македонија на делба на 11 и 12.позиција, светските обложувалници ја гледаат Данска како нов светски шампион

На неколку дена пред почетокот на светското ракометно првенство, најголемите светски обложувалници ги изнесоа коефициентите, односно шансите на репрезентациите да го освојат златниот медал.

Најголеми шанси за првото место се дава на селекцијата на Данска, а веднаш после неа следуваат, Франција, Германија и Шпанија. Од балканските земји, Хрватска е најдобро рангирана на седмата позиција, а Македонија би требала мундијалот да го заврши на делба помеѓу 11 и 12 позиција.

Својот прв натпревар на мундијалот, Македонија ќе го има на 11. јануари, кога за противник ќе ја има селекцијата на Јапонија. Дуелот ќе стартува од 15:30 часот со директен пренос на МРТ. Ова ќе биде шести настап за Македонија на Светските шампионати, а четврти по ред

На СП, активни ќе бидат вкупно осум ракометари на Вардар, кои ќе се борат за што повисок пласман, а зошто да не и освојување на еден од медалите.