Остануваат уште три дена до почетокот на Светското ракометно првенство, кое годинава ќе се одигра во Германија и Данска. На истото ќе настапува и македонската репрезентација, која ќе биде во група со селекциите на Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд.
Главни адути на Македонија треба да бидат оние најискусните, Лазаров, Стоилов и Ристовски кои треба да го понесат најголемиот товар и да бидат поддршка за помладите играчи. Вардаровиот капитен го краси борбеноста и јуначкото срце, па сигурни сме дека и на овој мундијал ќе даде максимум за Македонија.