Се уште не е познато во кој правец ќе заврши сезоната во ПМФЛ, поради пандемијата со корона вирусот. Вардар е лидер на табелата после 23 одиграни кола со вкупно 46 освоени бодови, додека второто место е за Силекс кој има десет бодови помалку, односно 36 а трета е Шкендија со 35 бодови.
На 23 одиграни натпревари, црвено-црните постигнаа вкупно 32 голови, а најдобар стрелец на тимот, воедно и во целата лига е Даниел Аврамовски, кој има постигнато 10 голови. Втор најдобар стрелец во редовите на Вардар е бразилецот, Леовигилдо Жуниор Реис Родригез кој има запишано 5 погодоци.
Ова се играчите кои ги постигнаа сите 32 голови за Вардар
1. Даниел Аврамовски 10
2. Леовигилдо Жуниор Реис Родригез 5
3. Дарко Мицевски 4
4. Матеј Цветановски 3
5. Адем Али и Џемал Ибиши по 2
6. Владица Брдаровски, Бојан Колевски, Филип Најдовски, Евгениј Новак, Јован Попзлатанов и Кристијан Тошевски по 1 гол.