Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Листа на стрелци во ФК Вардар, Блажевски се одвои на врвот
Листа на стрелци во ФК Вардар, Блажевски се одвои на врвот

Листа на стрелци во ФК Вардар, Блажевски се одвои на врвот

Зад нас е шестото коло во првата македонска лига во кое вардарци беа убедливи и постигнаа “петарда“ во мрежата на ФК Хоризонт од Турново. Овие пет погодока беа дело на тројца фудбалери од црвено – црниот табор: Блажевски , Ромеро и Ивановски.

Ивановски отвори за 1-0 , а Шиле и мексиканецот Ромеро додадоа по два погодока на своето конто. Со ова Блажевски се одлепи на првата позиција на 4 гола предност во однос на другите, а Ивановски и Ромеро напредуваа и го делат второто место. Вардар со постигнатите нови 5 гола го подобри лигашкиот просек на постигнати погодоци од 2,8 на 3,15 голови по меч. Вардарци по ова коло го земаа приматот од Шкендија во категоријата “најефикасен тим“ во лигата. Најважно од се е продолжувањето на серијата на победи еве шест меча по ред еден во купот и пет во лигата освојуваме цел плен.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ВО ФК ВАРДАР :

Место Играч ПМФЛ+КУП  Вкупно
1 Блажевски 7+1 8
2/3 Ивановски 3+0 3
2/3 Ромеро 3+0 3
4 Дашјан 2+0 2
5/7 Филипе 2+0 2
5/7 Хоф/Љамчевски 1+0 1

* Љамчевски покрај на еден првенствен е и стрелец  на единствениот гол сезонава во Л.Ш.