Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Се надевам по мечот со Шкендија ќе се радуваме ние и нашите навивачи -Љамчевски за Вардар Фанс

Се надевам по мечот со Шкендија ќе се радуваме ние и нашите навивачи -Љамчевски за Вардар Фанс

wwwwwwwwwwwwwwwwwww

Се вжештува атмосферата пред најважниот дуел во овој дел од сезоната помеѓу единствените канидати за титулата во македонската фудбалска лига. Во недела 13-30 часот на “Филип втори“ ќе се сретнат во меч за врвот скопските и тетовските црвено-црни. Вардар влегува со предонст од 1 бод во ова соочување кое е дел од 11-то коло од ПМФЛ. Играчот на вардарци Благоја Љамчевски кој ја подогна формата последните дуели и имаше одлични игри за Вардар ги споделува својте очекувања од овој дуел :

-Со оглед дека во овој дуел се среќаваат двете најквалитатни и најголеми претенденти за титулата “Првак на Македонија“ искрено очекувам еден тврд, крајно интересен и неизвесен фудбалски натпревар. Се надевам по крајот на 90-сете минути од овој дуел ние и нашите навивачи ќе славиме. Во нашите редови има сила знаење и квалитет да ја освоиме двојната круна годинава. Сметам дека Вардар е најквалитетниот фудбалски колектив во Македонија и тоа надополнето со нашиот труд ќе дојдеме до сите трофеи годинава.

За Љамчевски повредите кој немилосрдно го следеа од како дојде во Вардар и го одалечуваа од терените се минато. Го запрашавме дали е задоволен од подобрувањето на личната форма. За потсетување во Чаир беше асистент на третиот гол, а во Битола имаше одлична игра и по неговата страна одеа поголем дел од акциите во куп мечот.

Влегувам полека во посакуваната форма , сепка лично сметам дека можам многу повеќе и  подобро од ова досега. Се надевам дека од меч во меч  мојата форма ќе оди во нагорна линија и ќе ја оправдам дадената довербата од страна на стручниот штаб- изјави Љамчевски за Вардар фанс.

Михајло Тушевски