Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генер. “2006“ го прегази Работнички, победи и за генерација “2007“
Фк Вардар генер. “2006“ го прегази Работнички, победи и за генерација “2007“

Фк Вардар генер. “2006“ го прегази Работнички, победи и за генерација “2007“

Денес на терените на ФФМ , се одиграа натпреварите од 4 коло на детската лига. Свои настапи имаа Вардаровите генерации родени “2006“ и “2007“ година.

Требаше да биде вистинско дерби, мечот помеѓу фудбалските категории на Вардар и Работнички, родени “2006“ година. Но од зборот дерби, немаше ниту А. Во двата натпревари избраниците на Игор Кралевски во вистинска смисла на зборот ги “прегазија“ своите врсници од Работнички.

На терен најпрво излегоа првите екипи на Вардар и Работнички. Вардарци беа единствениот тим кој доминираше на овој дуел, конечниот резултат од 7:1 доволно говори за квалитетот на двете страни и за силите со кои располагаат двата тима. Црвено-црните без никаков респект кон својот градски ривал, до врв ја наполнија нивната мрежа. Давид Голубов беше во центарот на вниманието постигнувајќи хет-трик. Михаил Николов постигна два, по еднаш стрелаа Максим Цониќ и Дамјан Крстевски.

Фк Вардар (1) генер. “2006“ : Андреј Дастан, Дамјан Крстевски, Михаил Николов, Давид Голубов, Андреј Стефковски, Милош Спасовски, Максим Цониќ.

Петарда во мрежата на Работнички и од втората екипа на црвено-црните. Вардар (2) беше подобар од вториот тим на противникот, совладувајќи ги со резултат 5:1. Ништо поразлично не се случуваше ни на овој меч. Нашите млади надежи им дадоа до знаење на Работнички, дека нема што да бара на овој дуел. Брзо го отворија резултатот и направија предност, која само се зголемуваше до крајот на мечот. Стрелци на головите беа: Михаил Танчев(2), Ангел Крстевски(1), Данил Ордевски(1)  и Иван Блажевски(1). 

Фк Вардар(2) генер. “2006“ : Лука Јаневски, Данил Ордевски, Иван Блажевски, Михаил Танчев, Ангел Крстевски, Милош Проковиќ, Максим Митровски, Филип Спасовски, Никита Патаровски.

Убедливи победи во ова коло остварија и избраниците на Томче Трајановски. Фк Вардар генерација “2007“ беше доминантен во дуелите со екипата на Шкупи. Двете екипи забележаа високи победи.

Фк Вардар (1) генер. “2007“ за противник го имаше вториот тим на Шкупи, на кој победија со неверојатни 10:2. Се очекуваше поголем отпор да пружи противникот од Чаир, но најверојатно далеку беа од квалитетот на нашите момчиња. Не само што забележаа пораз, туку не беа ни блиску од достоен противник. Петар Мицевски имаше свое “шоу“ на овој меч, кој сигурно е негов најдобар откако игра фудбал. Успеа да постигне дури 7 голови, што на негови години и одлично достигнување. Марко Крстевски, Кристијан Јаковчевски и Марко Киш го следеа со по еден погодок.

Впечатокот од меѓусебниот дуел на овие две екипи, не го поправија ниту првиот тим на Шкупи, кој беше поразен од вториот тим на Вардар. Оваа наша генерација впиша нова победа, конечниот резултат гласеше 3:0. Стефан Младеновски стрелец на два гола и еден дело на Лука Атанасовски, го решија победникот на мечот.

Честитки од нашата редакција за двете наши генерации, кои денес успешно не претставија во детската лига и достојно го бранеа црвено-црниот дрес. Ние продолжуваме со нивно следење во континуитет и пратење на сите нивни случувања.