Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар Соопштение! За дуелот со Шкендија влез 100ден, ве молиме за достоинствено однесување
ФК Вардар Соопштение! За дуелот со Шкендија влез 100ден, ве молиме за достоинствено однесување

ФК Вардар Соопштение! За дуелот со Шкендија влез 100ден, ве молиме за достоинствено однесување

ФК Вардар за мечот со тетовска Шкендија издаде соопштение во кое се наведени цената на билетот, времето кога може да се купи и повик за начинот на однесување на присутната публика на стадионот. Во продолжение ви го пренесуваме истото во целост.

[ Напомена: Шкендија во соопштение до јавноста кажа дека нема да носи организирано навивачи на овој дуел поради одлуката на ФФМ мечот да биде прогласен за ’’ дуел од висок ризик“. ]

Соопштение Вардар->>   Престојниот меч од 11-то коло во Првата македонска фудбалска лига помеѓу Вардар и Шкендија, дуел кој ќе се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток од 13.30 часот, Фудбалската федерација на Македонија го прогласи за меч од висок ризик.Поради тоа, ФК Вардар ќе ги преземе сите мерки и ќе ги следи сите одредби и правни рамки пропишани со Законот за спречување на насилство и недолично однесување, сѐ со цел да го организираме мечот во најдобро светло.Затоа ги замолуваме сите навивачи и гледачи кои ќе присуствуваат на Националната Арена за достоинствено однесување на трибините,  со цел да се избегнат сите евентуални казни кои би следеле за неспортско однесување. Влезниците за овој меч ќе чинат 100 денари, а ќе се продаваат на билетарницата на Националната Арена „Филип Втори“, в недела од 11.30 до 13.15 часот.