Вардарки отпатуваа за Виена, каде утре со почеток од 20:15 часот ги очекува нов предизвик во лигата на шампионите. Противник во второто коло е екипата на Хипо од Австрија. Предвидено е вечерва да се пристигне во Виена, каде ќе се одржи и првиот тренинг. За утре е планиран уште еден и последен тренинг, пред натпреварот со Хипо.
Се друго освен триумф, ќе значи голем неуспех за нашиот шампион, кој во првото коло беше поразен на домашен терен од Ѓер. Се надеваме на многу подобро издание и освојување на првите бодови во групата.
Фото: zrkvardar mk.