Викендов следи пауза во првенството на младинските фудбалски категории. Требаше да се одигра 9 коло, но истото е закажано за следната недела. Сепак пријателски натпревари ќе одиграат помладите пионери и пионери. Утре ќе отпатуваат во Штип, каде ќе ја одржуваат формата со одигрување на пријателски натпревари со своите врсници од Брегалница. Кадетите и младинците ќе одржуваат само тренинзи. Денеска ќе се тренира на затворено, поради лошите временски услови и врнежите од дожд.
Во среда продолжуваат натпреварите од купот на Македонија. Предвидено е сите Вардарови генерации да играат дуели од националниот куп.