На минатите два натпревари можеше да се забележи колку во тимот на РК Вардар недостасува Арпад Штербик. Октоподот, мораше да ги пропушти дуелите против Колдинг и Загреб поради повреда. На овие два натпревари без Штербик, речиси РК Вардар и да немаше голман, посебно во Данска. Диви и Џамбо немаа свои ден, а натпревар без одбрани неможе да се добие. Колку недостасуваа стандардните повеќе од 10-12 одбрани на Штербик секој натпревар… Но, тоа е минато, одиме понатаму, сезоната е долга, па и поразите мора да доаѓаат, тие се составен дел од спортот.
Одиме напред, утре ни доаѓа Киелце, минатата година беше нерешлива загатка за нашиот тим, но сигурно Раул и стручниот штаб го анализирале овој утрешен противник, и со сигурност можеме да кажеме, одиме на победа против полскиот шампион, и по ”одмазда” од минатата сезона, кога не елиминираа во 1/4 финалето, со две победи, и во Полска и во Скопје. На овој натпревар во екипата како што е добро познато се враќаат Душебаев и Штербик, а ќе недостасуваат Стоилов и Деревен.