Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Калид ја казни лошата игра на Вардар и му донесе победа на својот тим
Калид ја казни лошата игра на Вардар и му донесе победа на својот тим

Калид ја казни лошата игра на Вардар и му донесе победа на својот тим

Вардар доживеа пораз откако попладнево Македонија ЃП беше подобар ривал и заслужено победи со резултат 2:1. Денеска ништо не функционираше во редовите на шампионот, а Илиќ спречи и поубедлива победа на домаќинот.

Македонија ЃП имаше водство од 2-1 против Вардар по првите 45 минути на стадионот во Ѓорче Петров. Се играше втората минута, Калид Абдул беше одлично проигран во шеснаесетникот на гостите, а тој со силен удар успеа да го совлада Филип Илиќ. Вардар возврати преку Стефан Лазаревиќ во 12.минута со удар од дваесетина метри, а пред самиот истек на првиот дел, Калид Абдул постигна и втор погодок за „лавовите“ по голема грешка на Величковиќ кој го остави сам својот чувар. Вардар во првиот дел имаше уште неколку ветувачки акции да постигне нов гол и да дојде до водство, но изостана реализација.

Во вториот дел речиси и ништо да не се случуваше пред голот на домаќинот. Иако Вардарци имаа негатива, немаа никаква игра ниту добра акција. Ниту замените не донесоа нешто ново во играта. За одбележување во вториот дел беа само две шанси и тоа на Мицевски со удар од 20-сетина метри покрај голот и на Мирчевски со глава над голот на домаќинот. Македонија ЃП имаше две добри шанси во вториот дел, но Илиќ го спаси голот на Вардар.