Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во вторник заминува за Хрватска каде ќе биде дел од меѓународен турнир.
Македонија ќе биде во група заедно со селекциите на Замбија, Босна и Херцеговина и Романија, додека другата група ја сочинуваат Хрватска, Катар, Црна Гора и Бугарија.
За овиј контролен турнир селекторот на оваа генерација,Тони Јакимовски, повика и шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за Никола Величковски, Зоран Фидановски, Горјан Цветков, Арбин Курти, Симеон Здравковски и Марко Стојилевски.
Во среда (23.09) ќе го одиграме првиот дуел против селекцијата на Замбија. Следниот ден на програмата е меч против Романија, додека групната фаза ќе ја затвориме на 25.09 со дуел против Босна и Херцеговина.
Првопласираните во двете групи ќе играат во големото финале на турнирот.