Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Лука Атанасовски на 16 години настапи за првиот тим на ФК Вардар
Лука Атанасовски на 16 години настапи за првиот тим на ФК Вардар

Лука Атанасовски на 16 години настапи за првиот тим на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар го одигра првиот пријателски натпревар во подготвителниот период. Во победата против Тетекс можност да настапат имаа неколку играчи од младинската школа на клубот.

Лука Атанасовски беше најмладиот играч, кој доби шанса од Грнчаров, во вториот дел да влезе во игра и да помине 45 минути на теренот.

Лука е „дете“ на Вардар, поим за верност и љубов кон клубот. Од својата шестта година е дел од Вардар, а дојде моментот да настапи на пријателски натпревар за првиот тим.

Се работи и за репрезентативец на Македонија до 16 години, каде Лука е капитен.