Ждребката за 1/8 финалето во купот на РМ сакаше и годинава да имаме прилика да го следиме најголемото, и единственото вистинско фудбалско дерби во државата. Купот ни овозможи да се сретнеме со битолски Пелистер, тим со кој годинава не настапуваме во исти ранг на натпреварување.
На првиот меч ќе бидеме домаќини и тоа на 30-ти септември на Арената Филип втори во вечерен термин(за ова ќе има дополнителна информација). Натпреварувачки мечот не би требало да биде под посебен предизвик за моќниот тим на Вардар во соочувањето со второлигашот, но затоа вистинска шанса за македонската навивачка сцена, за уште еден навивачки дуел на трибините помеѓу Комити и Чкембари. Вардар во вториот меч најверојатно ќе гостува во Прилеп, бидејќи стадионот во Битола се уште не е во функција, за датумот на возвратниот дуел дополнително ќе се произнесе Фудбалската Федерација.