Friday ,18 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > РК Вардар со победа над Војводина ја стартуваше сезоната во СЕХА
РК Вардар со победа над Војводина ја стартуваше сезоната во СЕХА

РК Вардар со победа над Војводина ја стартуваше сезоната во СЕХА

Црвено – црните избраници на шпанскиот стручњак Раул немаа поголеми проблеми во деби дуелот во новата сезона на Сеха лига, со тимот на Војводина од соседна Србија . Тие очекувано победија со десет гола позитива .

Во почетните минути од мечот гостите од Србија имаа блага предност на резултатски план тие поведоа со 1:3 , но ова беше се што можеа да направат против моќниот домашен состав. Црвено-црните ја преземаа иницијативата и на полувреме отидоа со предност од 18:8 . Во првиот дел со целиот свој Вардар покажа колку е засилен и колку новите имиња најдоа место во играта . Македа , Деревен ,Манасков покажаа зашто се засилувања за оваа сезона. Во вториот дел стручниот штаб на вардарци реши да ротира со цел повеќе играчи да добијат минутажа . Крајниот резултат на семафорот беше  37-27.

Најуспешни во нашиот табор беа : Дибиров со 6 гола , Манасков постигна 5 гола од исто толку обиди,  Шишкарев, Македа и Марсениќ погодија по 4 пати.