Од денес па се до недела секој Вардаров навивач ќе може пред билетарата на С.Ц. Јане Сандански да си набави сезонски билет за натпреварите на Рк Вардар во лигата на шампионите. Инаку претходните денови во продажба беа т.н.р. привилигирани сезонски билети, односна за фановите кои имаа сезонски билет од минатата година, сега први имаа можност исти да набават и за новата натпреварувачка сезона. Нормалната продажба на сезонски билети ќе се одвива до недела, во периодот од 10-18 часот. Картите ќе се продаваат по различни цени, односно 800 денари во просторот за стоење и 2500 денари за трибините. Дополнителни информации за продажбата на билети може да се добијат и на телефонскиот број + 389 (2) 2 40 19 80, како и на www.ticketplus.mk и www.rkvardar.com.mk.
Во новата сезона ќе имаме можност да гледаме многу поквалитетни и незивесни натпревари во групната фаза. Во Скопје ќе гостува и актуелниот европски првак- Барселона, во чии редови настапува Кирил Лазаров. Првиот домашен меч во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните ќе го играат на 27-ми септември против Унгарски Пик Сегед. Една недела порано, ќе ја отвориме новата сезона во ЛШ, во Франција против тимот на Монпелје.