Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Одигравме добро прво полувреме, во кое Штербик беше одличен на голот
Гонзалес: Одигравме добро прво полувреме, во кое Штербик беше одличен на голот

Гонзалес: Одигравме добро прво полувреме, во кое Штербик беше одличен на голот

Екипата на Рк Вардар ја забележа првата победа, во својот прв официјален натпревар во сеха лигата. Во С.Ц Јане Сандански беше убедливо совладана Војводина со резултат 37:27. На прес конференцијата после завршување на дуелот, своето задоволство од триумфот го изразија тренерот Гонзалес и средниот бек Циндриќ.

Им честитам на екипата на Војводина, која играше добро. Тие имаат добар тренер и се навистина добар тим. Ние игравме одлично во првото полувреме, Арпад беше одличен на голот. Во одбраната имавме 5-1 зона и добар контра напад. Но, после во вториот дел имавме малку проблеми. Пробавме да смениме играчи, сменивме и 6-0 во одбраната, но не одигравме добро, изјави Раул Гонзалес.

Честитки за Војводина. Еве почна сезоната во СЕХА, ова беше важен меч за нас. Добро го отворивме натпреварот, сепак во второто полувреме Војводина го покажа своето лице. Нам ни останува да продолжиме во ова темпо и да ја креваме формата пред почетокот Лигата на шампионите, изјави Лука Циндриќ.

Фото: rkvardar.mk