Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровото дете, Стефан Младеновски постигна два гола за Македонија У15, Грашески стрелаше на првиот натпревар со Унгарија
Вардаровото дете, Стефан Младеновски постигна два гола за Македонија У15, Грашески стрелаше на првиот натпревар со Унгарија

Вардаровото дете, Стефан Младеновски постигна два гола за Македонија У15, Грашески стрелаше на првиот натпревар со Унгарија

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години го одигра и вториот контролен натпревар во Будимпешта против соодветната репрезентација на Унгарија.

И вториот пријателски натпревар на овие две репрезентации заврши со нерешен резултат (2:2). На стартот од натпреварот, домашната репрезентација успеа да го отвори резултатот за 1:0, но до крајот на првото полувреме, избраниците на Драган Начевски направија комплетен резултатски пресврт со головите на Стефан Младеновски. Се работи за дете на Вардар, кој своите почетоци ги има токму во најтрофејниот македонски клуб. Денес Младеновски на два пати го матираше голманот на унгарците, најпрво со удар од белата точка донесе израмнување на 1:1, за до крајот на првиот дел да постигне уште еден гол и тоа со глава после центар шут од корнер.

Во стартниот состав на Македонија беа и неколку други играчи од Вардар кои се дел од Академијата на ФФМ. Се работи за Милош Спасовски, Лука Атанасовски, Марко Киш и Александар Грашески, додека во вториот дел од натпреварот играше и Злате Радески.

Овие играчи до јуни 2022 година се дел од Академија на ФФМ,  а потоа се враќаат на клубовите. Генерацијата 2007 на Вардар со овие момчиња ќе биде сигурно кандидат број еден за трофеј во лигата.

Инаку, првиот натпревар на Македонија и Унгарија заврши со нерешен резултат 1:1. Прекрасен гол за нашата репрезентација постигна големата вардарова надеж, Александар Грашески.

СТРИМ од целиот втор натпревар на Македонија и Унгарија, можете да погледнете на линкот ТУКА.