Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Најмладата голманка Ѓорѓиевска, со највисоки бројки во Европа, Трпевска стандардно прв стрелец

Најмладата голманка Ѓорѓиевска, со највисоки бројки во Европа, Трпевска стандардно прв стрелец

zrk7
ЖРК Вардар по три години пауза се врати на европската сцена, минаа три години по заминувањето на ѕвездите, минаа три години откако тогашните пионерки и кадетски станаа сениорки. Тие растеа, пораснаа и го пласираа со двете „сребра“ лани во сениорските лиги црвено-црниот тим во ракометна Европа.
Бевме дел до „Европскиот Куп“ каде што потоа се покажа дека сме единствена екипа од Македонија која мина коло, за разлика од останатите. Започнавме во 2.коло го минавме, потоа игравме и во 3.коло од ова натпреварување. Интересен факт е дека имаме идентичен број на дадени и примени погодоци, 122 на сите четири средби.
258824053_2344280749041782_4647192707657061421_n
Во просек погодувавме над 30.гола во европски купови што е голем позитивен факт за акцентирање. Остваривме позитивен резултатски скор, две победи, едно реми и само еден пораз на четири меча. Во првата рунда ја минавме РК Приштина (Косово), во втората мина тимот на Јуро Унирек (Холандија) понатака, тие ја добија екипаа на Малага во следната рудна.
 .
Кога сме кај личните постигнувања на нашите девојки на врвот на листата на стрелци е сосема очекувано, девојката која две-три години е секогаш лидер на голгетерите, Трпевска Ивона. Нашето крило има 18.гола на овие четрири европски дуели.
zrk
Следат три девојки со идентичен скор односно 16гола, најдобриот „пеналџија“ Стојановска Михаела девојката со мирна рака кога се во прашањето седмерците, но и одлична и во активната игра. Капитенот, незаменливата во екипата Диневска Бојана девојка која дава вистински шмек на тимот на овие европски дуели. Последна во оваа 3-ка со по 16 гола е десниот бек, Костовиќ Ангела која игра на неколку нивоа подобро оваа сезона во сите натпреварувања. Топ-5 сегментот го затвора на стрелци во европските дуели пикерот, Дамјановска Катерина со одлични за „кружен напаѓач“ 15.погодоци.
.
Листа стрелци, Европоски Куп 2021:
.
1. Ивона Трпевска 18 гола
2/4. Михаела Стојановска 16 гола
2/4. Бојана Диневска 16 гола
2/4. Ангела Костовиќ 16 гола
5. Катерина Дамјаноска 15 гола
zrk2
6. Сара Миновска 13 гола
7/8. Бојана Коцева 10 гола
7/8. Марија Галевска 10 гола
9. Ивана Џатевска 4 гола
10. Бојана Радевска 2 гола
11/12. Борјана Коцева 1 гол
11/12. Јасмина Попова 1 гол
 zrk3
Кај голманите имаме една навистина интересна ситуација, НАЈМАЛАТА помеѓу нив девојката која и не беше планирана за настапи, Вероника Ѓорѓиевска има најдобар скор. На младата голманка и се даде шанса поради повреди на дел од колешките, имаше европско незаборавно деби во Приштина каде што блесна. Вардар доби уште еден одличен голман кој може да конкурира во сениорска конкуренција, на само 16.години успеа да „собере“ највеќе одбрани на оваа европска одисеја на црвено-црните дами. Еднаш напоменавме во текст за домашна лига, навистина оваа кадетка која блесна во сениорски, а сега и во европски дуели е вистинска дилема како не доби шанса  ни да се бори за место во голманското трио за мак.селекцијата ова лето.
 q2
На втората позиција со 16.сопрени топки е Илиќ Андреа која даде значаен приодинес на овие дуели. Таа бранеше на сите четири дуели,  од нив најдобар перформанс имаше на средбата со Приштина во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Следи, Трајкоска Јована која има 15 одбрани, но треба да напоменеме дека „Јоци“ бранеше само во 3.коло со холаѓанскиот ривал бидејќи беше повредена за натпреварите со Приштина. Особено се истакна на дуелот во гости кога одигравме реми со Јуро Унирек каде беше двоцифрена.
.
Листа голмански одбрани, Европоски Куп 2021: 
.
1. Ѓорѓиевска Вероника 20.одбрани
2. Илиќ Андреа 16.одбрани
3. Трајкоска Јована 15.одбрани
q
Утре ќе поставиме листа на стрелци во домашната лига и листа на одбранети удари за голманите.