Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Македонија У16 поразена на вториот контролен дуел од Црна Гора
Македонија У16 поразена на вториот контролен дуел од Црна Гора

Македонија У16 поразена на вториот контролен дуел од Црна Гора

Пораз за Македонија У16 на вториот контролен натпревар против соодветната репрезентација на Црна Гора.

Вчера на тренинг центарот „Петар Милошевски“ се одигра вториот пријателски дуел на овие две репрезентации, кој минимално го доби Црна Гора со резултат 0:1. Македонија имаше свои шанси, а најзрелата ја имаше вардаровиот напаѓач, Георг Стојановски кој не успеа од белата точка да го совлада противничкиот голман.

Во стартниот состав на селекторот Канатларовски не се најде ниту еден играч од редовите на Вардар, но затоа во игра во вториот дел влегоа Јаневски, Милошевски, Г. Стојановски, Гуџуфи и С.Стојановски