Нашите играчи Никола Глигоров и Владица Брдаровски денеска ќе се докажуваат пред новиот селектор Ангеловски. Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски меч против селекцијата на Црна Гора како што е добро познато. Натпреварот започнува во 18 часот на Националната Арена Филип II. Се очекува Брдаровски да стартува на бековската позиција, додека пак за Глигоров сеуште не е познато дали ќе добие шанса уште од првата минута. Maло потсетување, за репрезентацијата на Црна Гора ќе настапи Немања Мијушковиќ.