Барселона фуриозно се прошета низ гостувањето вчера во Асобал лигата, и најави дека во топ форма го пречекува нашиот првак. Дружината на Кире, вчера одигра натпревар во својата лига, и се разбира победи убедливо. Совладана беше екипата на Бенидорм со резултат 36:17, Барса во првиот дел успеа да прими само 5 погодоци. Играчите на Барселона не се потрошија премногу на оваа средба. Несомнено, во сабота не очекува одлична ракометна пресметка, на двата великани, кој оваа сезона ќе се борат за првото место во својата група, а можеби и на завршницата на Ф-4 ракометниот турнир.
Натпреварот започнува во сабота со почеток во 19 часот и 30 минути. Едно е јасно, сите вардарови симпатизери со нетрпение го очекуваме овој натпревар, да видиме како нашиот тим ќе се справи со моќниот тим, европскиот првак Барселона.