Екипата на Жрк Вардар јуниор во петок и сабота ја очекуваат два натпревари, во рамките на третото коло од Челинџ купот. Противник е “анонимниот“ тим на Лондон Ејнџелс, кој веќе допатува во Скопје и се подготвува за двомечот против нашите девојки. Двата дуели ќе се одиграат во спортскиот центар Јане Сандански, со почеток од 18 часот. Од утрешниот натпревар ќе можете да проследите директен пренос на собранискиот канал. Нашите девојки влeгуваат претпазливо во овој меч и максимално се подготвуваат за првиот предизвик во европските натпреварувања.
-Како и пред секој натпревар, така и на овие два дуела се надевам на победа. Тука ќе влеземе поконцетрирано и мотивирано, затоа што се работи за меч од меѓународен карактер и очекувам секоја од нас да го даде максиумот. Нашите тренери секогаш имаат некакво досие за било која екипа, освен тоа и самите играчи се заинтересираа за квалитетот на противникот, така да имаме доволно информациии за Лондон Ејнџелс. Мислам дека имаме доволно квалитет, за да ја преземеме улогата на фаворит. Сепак ниедна екипа не е за потценување, бидејќи станува збор за поискусни ракометарки.
Избраничките на Симе Симовски имаат одличен старт во најсилната супер лига, каде имаат максимални пет победи од исто толку одиграни мечеви. Последната беше најзначајна, на теренот на екипата на Металург. Очекувањата оваа сезона се поголеми и во Европа, со можност што подолго да се натпреваруваме во овој куп.
Оваа сезона ја започнавме многу добро и се надевам дека ќе продолжиме во исто темпо и во европските натпреварувања. Очекувам да одиме подалеку за разлика од претходната сезона и да се задржиме подолго на настапите во Европа, изјави Маја Трпковска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски