Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Отворен патот до “Есенската титула“ за ФК Вардар, гостуваме во Турново па играме 3 меча на Градски
Отворен патот до “Есенската титула“ за ФК Вардар, гостуваме во Турново па играме 3 меча на Градски

Отворен патот до “Есенската титула“ за ФК Вардар, гостуваме во Турново па играме 3 меча на Градски

Патот до есенската титула за црвено – црните е целосно отворен, по одиграни 14 кола сме лидери со 36 освоени бодови три повеќе од конкурентот Шкендија. Вардар се уште ја има најдобрата одбрана во лигата со само 6 примени гола и вториот најефикасен напад во ПМФЛ. До крајот на есенската полуетапа имаме за  нас крајно поволен распоред на дуелите кој не очекуваат.

Гостуваме кај осмопласираниот тим на Хоризонт од Турново на 22 ноември па следат три меча до крајот на нашиот стадион “Филип Втори“. Се надеваме дека избраниците на Гоце Седлоски ќе ги освојат сите максимални 12 бода до крајот од полусезоната и на паузата ќе заминеме со епитетот “есенски шампиони“. Распоредот за мечевите од 15.коло до 18.коло е следниов :

  • 22.11.2015/13:00-ХОРИЗОНТ Т. : ФК ВАРДАР
  • 29.11.2015/13:00- ФК ВАРДАР : РЕНОВА
  • 6.12.2015/13:00-РАБОТНИЧКИ : ФК ВАРДАР
  • 9.12.2015/13:00 -ФК ВАРДАР : СИЛЕКС