Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Одличен пласман на Завировски и Ивановски на првенство на Македонија во крос-кантри
АТЛЕТИКА! Одличен пласман на Завировски и Ивановски на  првенство на Македонија во крос-кантри

АТЛЕТИКА! Одличен пласман на Завировски и Ивановски на првенство на Македонија во крос-кантри

Викендов атлетската федерација на Македонија  го организираше- Државното поединечно првенство на Македонија во крос-кантри на истото двајца атлетичари на црвено-црниот атлетски колектив земаа учество . На 8-ми Ноември  во Скопје се одржа натпреварот кој воедно  имаше изборен критериум за Балканското првенство во крос-кантри кое ќе се одржи на 22 ноември 2015 година во Врбовец-Загреб,Р.Хрватска.

Оваа трка се одржа на следнава стаза : Кејот на река Вардар- градски парк, Градска плажа мостот позади забавен парк во правец до Хотел “Александар Палас“.  Двајцата атлетичари на  АК Вардар на истата остварија одлични резултати. Марко Ивановски  кој повторно како по некое непишано правило мораше повторно да се натпреварува со повреда се натпреваруваше во сениорска конкуренција и се пласираше на одличното 4 место на трката во должина  10 км, со  резултат 34:55.  Петре Завировски кој настапи  во категоријата  под 23 години го освои  второ место на трката во должина од 8 км резултат 28:22 .

Најверојатно ако не дојде до нешто не очекувано, за оваа 2015 година ова ќе биде последна официјална трка на нашите момци.