Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Наградата „13 ноември“ за РК Вардар и Гонзалес
Наградата „13 ноември“ за РК Вардар и Гонзалес

Наградата „13 ноември“ за РК Вардар и Гонзалес

Македонскиот ракометен шампион и наш миленик РК  Вардар и  шпанскиот стручњак на неговата клупа  Раул Гонзалез се  добитници на наградата за најдобри спортисти што ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје по повод 13 ноември, денот на ослободувањето.

РК Вардар е прогласен за “најдобар клуб“ што е сосема разбирливо по освојувањето на двојната круна во домашните натпреварувања и пласманот во 1/4 финалето од ЕХФ Лигата на шампионите. Сосема логички кога тимот ќе биде прогласен за најдобар е очекувано тренерот да биде награден во категоријата “најдобар тренер за 2015 година“ одличје со кое се закити нашиот стратег Гонзалез. Свеченото доделување на признанијата на добитниците е денес  четврток  со почеток во  12:00 часот. Истото ќе се одржи  во конференциската салана С.Ц „Јане Сандански“.