Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) Вардар вчера стигна во Барселона и го одработи првиот тренинг
(ФОТО) Вардар вчера стигна во Барселона и го одработи првиот тренинг

(ФОТО) Вардар вчера стигна во Барселона и го одработи првиот тренинг

Следен предизвик за црвено-црните избраници на Раул Гонзалез е саботниот меч во Лигата на шампионите. Шпанецот на нашата клупа ќе ги предводи нашите момци во дуелот со најдобриот шпански ракометен колектив.По завршувањето на  СЕХА-мечот со  Веспрем нашиот шампион РК Вардар директно се упати кон Барселона. Целта е што  повеќе денови за адаптирање пред  дуелот со домаќинот кој е актуелниот европски првак.

Црвено-црните вчера одржаа тренинг  во помошна сала, а до денот на одигрување на мечот ќе имаат и два тренинга во „Палау Блауграна“.

Натпреварот Барселона – Вардар е закажан за во сабота со почеток во 19-00 часот, од овој дуел ќе, може да следите пренос на МТВ-1.